Спонзорот на Верстапен ќе суди на финалето во EURO2020

Финалето на Европското фудбалско првенство помеѓу репрезентациите на Англија и Италија на стадионот Вембли во Лондон ќе биде судено од најдобриот холандски судија, Бјорн Кујперс, кој воедно е основач и сопственик на ланецот супермаркети Џамбо Кујперс, спонзор на Макс Верстапен.

49-годишниот Кујперс има лично богатство од 13,4 милиони евра, заработени преку ланецот на супермаркети Џамбо Кујперс, чие лого е истакнато под визирот на заштитната кацига на Макс Верстапен од Ред Бул.

Својата судиска кариера на меѓународни натпревари ја има започнато во 2006 година, а пред тоа има судено во две финалиња во Лигата на Европа и едно финале во Лигата на Шампиони. Тој е дел од судиската екипа на првенства во Европа во 2012 и 2016 година, како и на последните две Светски првенства.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ