Спонзор на Верстапен под истрага во Холандија

Џамбо (Jumbo), ланец супермаркети кои долго време го поддржуваат актуелниот шампион Макс Верстапен, се под истрага во Холандија.

Домот на Главниот извршен директор на Џамбо, Фриц ван Еерд бил под полициска опсата минатат недела поади истрага за голема операција за спречување на перење пари, пренесува Eindhoven News. Перењето на пари се случувало преку низа финансиски трансакции од кои делумно и во моторспортот.

Рајмонд Вермулен, менаџерот на Верстапен, кој е одговорен за неговата кариера заедно со татко му Јос. изјави дека не треба да се носат никакви заклучоци.

претпазливи сме. чекаме да ни се презентираат фактите. контактиравме со џамбо и менаџментот, така што маркетинг активностите поврзани со нас ќе продолжат да се одвиваат како и до сега – изјави вермулен за Algemeen Dagblad.

Во исто  време, тој побрза да се дистанцира од шефот на компанијата, ван Еерд.

имаме договор со џумбо, а супермаркетот не е дел од истрагата, тоа е јасно кажано. како што кажав, внимателни сме со се и ќе видиме што ќе излезе од целата работа.

Интересно, вториот најдобар фудбалски судија во светот во моментов, Бјорн Кујперс има свој удел во супермаркетот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ