Според Брандл, Фетел не е врвен возач

Поранешниот Формула 1 возач, а сегашен аналитичар и коментатор на Скај, Мартин Брандл, смета дека Себастијан Фетел не е повеќе меѓу топ 5 возачите и според него, неговото време поминало. 

Фетел имаше одличен напредок на кариерата се до 2018 година кога заврши втор во шампионатот и имаше пет победи со Ферари. Наредната година победи само еднаш и заврши на петта позиција во возачкиот поредок. 

Минатата сезона беше најлоша во последните години за Ферари и тимот одлучи да не го продолжи неговиот договор. Оваа сезона тој е дел од Астон Мартин и моментално е на 12та позиција, а најдобра трка за него беше низ улиците на Баку каде заврши на втора позиција. 

Доколку треба да номинирам топ 5 возачи, нема да го вклучам Себ. Неговото време помина – смета брандл.

На неговата листа се најдоа Ландо Норис, Шарл Леклер, Џорџ Расел, Серхио Перез, Карлос Саинз и можеби како некоја замена Алонсо. 

Кој и да изберам, Себ нема да биде таму. Имам голема почит за него и гледам дека сеуште е мотивиран и сум импресиониран. Има искуство и знаење за да им помогне на Астон Мартин. Во дуелите нешто му недостасува, Но сакам да гледам трки како Унгарија каде гледам дека има сеуште шанса. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ