Според Вебер, Хамилтон е подобар од Шумахер

Марк Вебер смета дека за него Луис Хамилтон е поцелосен возач споредено со Михаел Шумахер.

Откако британецот почна да ги “жнее“ титулите и е на само една од Црвениот Барон, медиумите често се занимаваат со тој кој всушност е најдобриот на сите времиња. Многуминасметаат дека со своите 7 титули и 91 победа Михаел е недостижен, но Вебер вели дека Луис е подобар.

јас повеќе го ценам луис од михаел поради тоа што сметам дека е поцелосен возач. не велам дека михаел не беше таков или нешто слично затоа што не споредуваме двајца новинари, михаел го подигна спортот во нова стратосфера во однос на физичката подготвеност и пристапот и беше пионер во таа област.

некои од рекордите на михаел се предизвикани, така што луис во однос на својата клиничка прецизност направи посебни работи со побавни болиди. кога мириса победа и кога насетува титула тогаш е застрашувачки како вози – анализира вебер за Press Association.

Хамилтон има барем една победа во 14те сезони колку што е дел од тркачката серија, но поради фактот што секогаш го немал најбрзиот болид, тоа е импресивен резултат.

луис има навистина долга кариера, а долготрајноста е клучна за големите шампиони. кога е на 8мо ниво од 10 е неверојатен, но кога е на највисоко ниво тогаш е застрашувачки, гладен и непобедлив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ