Според поранешната сопруга на Бриаторе, Шумахер не може да зборува

Михаел Шумахер не може да зборува, тврди поранешната жена на Флавио Бриаторе.

Бриаторе, кој беше тимски шеф на Формула 1 легендата во Бенетон и италијанскиот модел и ТВ личност, Елизабета Грегорачи, се разведоа во 2018 година. Грегорачи моментално учествува на италијанската верзија од Големиот Брат. Запрашана од другите учесници околу здравјето на Шумахер, кое не е познато јавно, Грегорачи го пренесе следното:

Тој не зборува. Комуницира со очите. Само три личности може да го видат. Семејството се пресели во Шпанија, а неговата сопруга направи болница во куќата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ