Според Роси, Хамилтон бил брилијантен со МотоГП моторциклот

Перформансите на Луис Хамилтон во првото возење со МотоГП моторцикл биле брилијантни според деветкратниот шампион, Валентино Роси, следејќи по нивната размена во Валенсија во Понеделникот.

Шесткратниот шампион Хамилтон се поврза со Роси преку нивниот заеднички спонзор, Монстер Енерџи и за прв пат го проба моторот на Роси од 2019 година, Јамаха МотоГП YZR-M1.

Тоа е дополнително на искуството на Хамилтон на две тркала, откако комплетираше тест со Јамаха Супербајк на патеката Херез во Декември 2018 година.

Технички, Валенсија е тешка патека, а возењето се случи при силен ветар и во еден момент си помислив дека ќе биде многу тешко за Луис да продолжи. Но тој беше брилијантен на моторот и имаше одлична позиција на М1. Мислам дека многу се забавуваше што беше најважно – изјави Роси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ