Според Саинз, средината сеуште не добива доволно ТВ внимание

Карлос Саинз повторно го покажа своето незадоволство откако клучен момент во битката во средината не беше прикажан на телевизискиот пренос, наместо тоа камерите беа фокусирани на непроменливата “битка“ за прво и второ место во Абу Даби.

Шпанецот знаеше уште пред трката дека треба да финишира во топ 10 и да биде подобар од Пјер Гасли со цел да го освои шестото место во генералниот пласман на возачи и да ја освои титулата “најдобар од останатите“, надвор од врвните три екипи.

Изгледаше дека тој нема да успее, но направи одлично претекнување над Нико Хулкенберг во последните моменти за да се пласира на 10то место, но тоа не беше прикажано на ТВ преносот.

Нема да коментирам премногу околу тоа, Но мислам дека сите коментираа околу битката за шесто место во првенството викендов.

Конечно имаше битка во последните кругови, дури и во последните свиоци, но ниту тоа не беше покажано. Мислам дека е чудно што сите беа толку возбудени околу битката, но ништо не беше прикажано на ТВ екраните.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ