Според Себ, Кими е најталентираниот возач кој го сретнал

Себастијан Фетел во својата Формула 1 кариера која траеше 15 години имаше можност да се трка со многу талентирани возачи, ги имаше Марк Вебер и Даниел Рикардо како колеги во Ред Бул, додека Шарл Леклер и Кими Раиконен возеа крај него во Ферари.

Во пресрет на својата последна трка која за Астон Мартин ќе ја одработи во Абу Даби, тој се враќа низ својата кариера и посочи кој возач најмногу го импресионирал.

мислам дека најголем природен талент го има кими раиконен, најталентираниот возач кој сум го сретнал. тоа е во однос на чиста брзина и тоа го покажува во болидот, но не само во формула 1 туку и во било кој друг автомобил.

ако постои некоја моторспорт дисциплина во која се менуваат автомобили секој ден, по 10 денови ќе бие побрз за цел круг останатите затоа што е природен талент и не му треба време да се адаптира на било какви барања на болидот.

ако му дадете управувч, знае што а направи со него. понекогаш како да имате чувство оти не е фер да е толку талентиран, ви треба време да се привикнете на условите на патеката, а тој влегува и само вози – посочи фетел.

Четири години Себ возеше крај Кими во тимот од Маранело и призна дека односот кој го имал со финецот бил најдобар во неговата кариера кога е во прашање колега.

со него имав најдобар однос споредено со било кој друг мој колега затоа што е претерано искрен. никогаш не се кара, ако се удревме еден со друг, многу отворено разговаравме и веднаш го решававме проблемот, а често и се смеевме.

никогаш нашиот однос, нашата врска не беше доведено во прашање, ништо не можеше да не дестабилизира. од првиот ден кога дојдов во ферари крај него тој многу ме почитуваше, ме гледаше во очи секоаш кога разговаравме. со другите возачи се сложувате, си велите ќе биде во ред, но некако гледате дека не ве гледаат во очи, не се присутни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ