Според Forbes, Мекларен ќе станат неликвидни до 17 Јули

Финансиските проблеми на Мекларен може да се многу поголеми одошто првично се претпоставуваше, а реномираниот финансиски весник Forbes, вели дека компанијата може до 17 Јули да стане целосно неликвидна.

На почетокот на неделава проструи веста дека сопствениците поднеле случај пред Врховниот Суд во Лондон со цел да им се даде можност да ја заложат фабриката и Централата во Вокинг и историската колекција автомобили и болиди. Кога во 2017 година екипата издаде обврзница со цел да го исплати Рон Денис, обезбедување за истата обврзница беше токму тој имот.

Како крајна можност се вели дека Групацијата размислува и за продажба на својата Формула 1 екипа со цел да ги спаси другите бизниси.

мекларен велат дека сопствениците на обврзницата не дозволуваат ослободување на она што е ставено како обезбедување на истата за продажба или за подигнување на нов кредит. судот ќе треба да пресуди во полза на мекларен следните 17 денови за да целата работа се заврши на време.

групациајта треба да обезбеди дозвола за залог до 17 јули 2020 година затоа што тоа е рокот до кој треба да се потпишат сите договори и документи за оние на кои се должи да бидат исплатени. декларацијата за ослободување на обезбедувањето треба да биде добиена 5 денови пред финално користење на пари, што значи дека судот мора да одлучи до 10 јули – пишува forbes.

Групацијата е во лоша ситуација главно поради очајно лошата продажба на ацвтомобилскиот пазар каде продале само 1/3 од возилата кои ги продале лани, што значи намален приход од 217,7 милиони долари на 136,2 милиони долари и сето тоа како резултат на пандемијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ