Стагелман стана нов комерцијален шеф на АлфаТаури

АлфаТаури доби нов шеф на комерцијалниот оддел задолжен за маркетингот во името на Ларс Стегелман.

Стегелман ќе биде одговорен за комерцијалниот дел не само за Формула 1 тимот, туку и за модниот бренд. Тој претхоно работеше како комерцијален шеф на Motorsport Network, a бил вклучен и во ДТМ и Формула Е. Претходно бил задолжен за маркетингот и на Светското фудбалско првенство во 2010 година кое се одржа во Јужна Африка, а работел и за УЕФА.

интересот за формула 1 се развива многу брзо и со поддршка од ларс, сакаме да ги развиеме и подобриме нашите комерцијални активности. тој е мешавина на одлично искуство и знаење во мешународни продажби и одлично ја разбира индустријата на рекламирањето – изјави франц тост, тимскиот шеф на малата екипа од фаенца.

формула 1 цути и им нуди на компаниите одлични активациски и конуникациски можности, врвни приеми на трките, свесност од глобален размер како ниту еден друг спорт. различните вклучени страни, особено маркетинг агенциите се мои клиенти долги години.

позицијата во скудерија алфатаури одлично се вклопува на времето и нуди првокласна платформа за компаниите кои сакаат модерен, млад и динамичен дигитален дизајн и маркетинг. нетрпелив сум да го дадам мојот придонес – дополни Стегелман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ