Стаинер вели дека атмосферата во Абу Даби е одлична причина за трката да остане финале во Формула 1 сезоната.
Абу Даби е домаќин на финалето од 2014 година, но тешкотиите за претекнување на Јас Марина се причина за барање Бразил да се врати како последна трка од календарот. Иако Бразилското Гранд При е настан на кој имало легендарни трки во минатото, Стаинер вели дека квалитетот на тркање во Абу Даби е резултат од карактеристиките на патеката, но во исто време е настан во кој се ужива.
Мислам дека е патека која е добро место за да се заврши сезоната. Тркањето тука, поради патеката, никогаш не е добро шоу. Но мислам дека трката сега не беше толку лоша. Оваа година, некои од трките беа многу интересни и секогаш ги споредувате.
Не сметам дека е погрешно време, во споредба со финиш на сезоната во Бразил. Од спортска гледна точка, можеби да, но целата атмосфера, одлично е тука. За луѓето, за шоуто, не за спортот, тоа е добро. Погледнете колку луѓе се забавуваат, ова е многу добро место.
Тркањето понекогаш не е најдобро, но можеби ни е потребно тоа што го бараме, подобри болиди. Мелбурн нема интересни трки, но секогаш има добро шоу во Мелбурн бидејќи е прва трка. Не сметам дека е погрешно да се заврши сезоната тука.