Стаинер: Американските спонзори не се заинтересирани за нас

Гунтер Стаинер откри дека не смета оти потенцијалниот влез на Андрети во Формула 1 ќе ја загрози позицијата на Хаас како американска екипа.

Инженерот дополни дека американските спонзори не се заинтересирани да инвестираат во екипата, така што доаѓањето на нова американска екипа на гридот нема да го промени тоа.

Андрети Аутоспорт на Мајкл Андрети се повеќе се поврзува со превземање на Заубер Груп која го контролира Алфа Ромео Формула 1 тимот. Но, Гунтер појасни дека е многу тешко да е добие било каков спонзорски договор од американска екипа, така што во моментов главен нивни спонзор е руски Уралкали, гигант за производство на вештачко ѓубрибо.

за нас никој не е закана, не мислам дека нова американска еипа ќе промени нешто кај нас. немаме проблем со тоа без разлика на тоа кој ќе формира екипа и кој ќе влезе в спортот. сепа, мислам дека во целост не го истраживме американскиот пазар на спонзори како што требаше тоа да го направиме. да го сторевме тоа, ќе имавме многу повеќе американски спонзори, но културата е таква што се мора да биде фокусирано токму тука – објасни гунтер.

Стаинер дополни дека немало интерес од американски компании кои би сакале да го поддржат единствениот американски тим во тркачката серија.

никој не дојде кај нас со некој значително спонзорство затоа што сме американци или затоа што сака да поддржи американски возач кај нас. нема магија во овој спорт, што и да се случи, не може да има некоја огромна промена, така што зборувањето и жалењето нема да донесе ништо.

Со оглед на интересот на Андрети да влезе на Формула 1 гридот, како и се помалата желба на Џин Хаас да биде дел од спортот, Гунтер беше запрашан дали иам некаква можност, Мајкл да го купи неговиот тим.

не знам искрено што мајкл андрети прави. разговарав со него неоклу пати, но одамна. не знам што сака да направи.

во американскиот моторспорт сите се познаваат, можеби таму нешто било разговарано, можеби и не, не знам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ