Стаинер бара одговори за лошиот мотор од Ферари

Тимскиот шеф на Ферари, Гунтер Стаинер, сака Ферари да го анализираат недостатокот од моќ кај својот мотор што беше силно видливо на Австриски Ред Бул Ринг.

Болидите со мотор на Ферари беа најбавни на правците во Австрија, Алфа Ромео и Ферари загубија доста во однос на лани постигнатите времиња. Хаас беа поблиску до она што го возеле во 2019 година, но Стаинер не сака таков тренд, напротив, сака напредок.

не знам дали проблемот е во протокот на гориво, но има нешто заедничко кај сите три болиди што се толку побавни од лани на квалификациите. чудно е, но на правците вистински заостануваме.

јас не сум вклучен во развојот на нивниот мотор и тоа што се случи на крајот на сезоанта и на почетокот на оваа година не можам да го коментирам, но секако знам дека годинава сме побавни. на листата со побавни времиња од лани доминираат болидите со мотор на ферари. мора да се види што е проблемот, ферари имаат многу работа и многу проблеми за решавање – смета стаинер.

Хаас имаше охрабрувачки ритам на трка кој беше далеку подобар од квалификацискиот, но двата болиди имаа проблем со сопирачките што придонесе да не ги извозат предвидените 71 круг. Гунтер не бил свесен колку е лоша ситуацијата се додека не се обиделе да менаџираат со прегревањето.

не знам од каде се појави проблемот со сопирачките, сеуште истражуваме. многу рано почнаа да прегреваат, но не со нивото со кое се надевавме. мораме да ги менаџирме да издржат до крајот на трката, но овој пат беше драстично и знаевме дека нема да издржат, тоа и се случи.

едноставно прегрејаа и се потрошија. мораме да дозанеме што го предизвика прегревањето затоа што бевме сигурни дека ќе издржиме до крај. кочниците секогаш страдаат на оваа патека, но не очекувавме толку голем проблем за да не можеме да завршиме трка.

мора да имаме некаков проблем со корелација, затоа што не го очекувавме. бевме свесни дека сопирачките се многу топли и дека треба да возиме на лимитот, а не сакавме да одиме преку лимитот. секако дека не можевме да продолжиме со тоа темпо, така велеа подтоците и фактите. треба да испитаме што се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ