Стаинер вели дека Хаас има лоши перформанси во гужва

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, посочи дека ВФ-213 болидот на тимот има лоши перформанси кога се наоѓа во гужва, односно воз со други болиди.

Во Мајами, американската екипа ги донесе првите новини сезонава во вид на ревидиран под и тоа им помогна да стигна до последниот квалификациски сегмент и 4то место на Кевин Магнусен во Сабота. Данецот потоа имаше лош почеток на неделната трк и даде се од себе да ги мине ривалите, се бореше жестоко против Шарл Леклер и донесе поен преку 10то место на гридот во ситуација во која Хулкенберг почна од 12та позиција, а заврши 3 места поназад.

новиот под е добар, така изгледа, треба само да најдеме што да поправиме за да бидеме постабилни додека сме во гужва со други болиди за да не ги трошиме гумите толку многу. оние околу нас не се мачат толку многу со гумите како ние, така што на потег се момците од аеродинамичкиот оддел.

имаме нови делови и за имола, некои крила, не цели крила, делови од крила и се надеваме дека ќе продолжиме со подобрувања и потоа.

Стаинер посочи дека Гранд При трката во Мајами покажала дека не е лесно за возачите да следат болиди без да загубат перформанси од гумите.

тешко е да се стигне до некој поен и од сите пет трки освоивме само три пати поени што и не е така лошо. на почетокот од трката ни одеше одлично со кевин, но некако азглавивме во гужва и загубивме ритам, станавме побавни. треба да видиме што е проблемот, но мислам дека кога се квалификуваме во топ 10 носиме секогаш поени, јасно е дека е тешко.

на крајот успеавме да дојдеме до поен, но не знам како ќе биде во остатокот на годината, а мораме да се осигураме дека секоја шанса ќе ја искористиме.

Во однос на борбата на К-Маг со Шарл Леклер, Гунтер објасни:

борбата против лекле рна почетокот од трката беше одлична и сите уживаа во неа, таква треба да биде формула 1. проблем беше вториот дел на вториот сет на гуми кога лекер имаше пад во перформанси, ние му се доближивме со нови гуми, но мислам дека не бевме реална закана за нив до крајот на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ