Стаинер: Во Хаас нема место за Фетел или Ботас

Италијанецот Гунтер Стаинер ги отфрли Хаас од “игра“ како екипа која може да им понуди возачки места на Себастијан Фетел или Валтери Ботас за следната 2021 година. 

Германецот Фетел го напушта Ферари на крајот на оваа година, додека Ботас може да го загуби местото во Мерцедес од Џорџ Расел. 

Берни Еклстон е помеѓу оние кои сметаат дека Себастијан треба да одмори малку. 

Зборував со него и мислам дека му треба одмор. Ќе се врати во 2022 година по промената на правилата. Тоа му дава шанса да почека и да види што ќе се случи со промените, Но мислам дека тој сака да вози во Мерцедес против Луис. 

Но, што и да се случи, Стаинер вели дека не е во позиција да го донесе Фетел или Ботас во својот тим. 

Не мислам дека Валтери или Себастијан се заинтересирани за нас. Не зборувам за тоа дека не може да си ги дозволиме. Тоа е друг проблем. 

Стаинер изјави дека Хаас има големи проблеми, а откако се случи корона кризата, Џин Хаас изјави дека размислува за повлекување од спортот. 

Не би рекол дека се бориме за опстанок, но ќе бите тешка сезона. Возачите не се најважни за нас во моментов.

Да започне сезоната и ќе видиме каде сме. Доколку почне во јули ќе имаме малку време за одлука. Пазарот на возачи обично започнува во летото, а ситуацијата е така што Сега се подготвуваме за првата трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ