Стаинер: Екипите не смее повеќе да плачат на буџетското ограничување

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер е свесен дека огранилувањето на трошењето ќе донесе проблем, но крајно време е екипите да престанат да се жалат на тоа.

Како дел од новата регулатива за 2021 година екипите ќе смеат да потрошат по 175 милиони долари по сезона, но во таа сума не влегуваат платите на возачите и врвниот персонал како и развојот на моторот. Со тек на време се очекува тој износ да биде изменет.

се договоривме дека е работиме со тоа што го имаме. конзервативни сме со овие работи и ќе дадеме се од себе за да одработиме како што треба со тоа што го договоривме. сите беа свесни дека ограничувањето на трошењето ќе се воведе, а оние кои не се подготвуваа сега се жалат, тоа не оди така – смета стаинер.

Ферари веќе најавија моќен буџет следната сезона во која паралелно со тркањето ќе се подготвуваат и за 2021 година, така што Гунтер знае дека за големите екипи ќе биде многу тешко да го намалат трошењето.

главно е тоа што разликите нема да се зголемат затоа што големите екипи ќе трошат помалку, што веќе е тешко за нив, но најдобро е тоа што зголемувањето на трошењето е веќе зад нас.

Италијанецот е свесен дека доколку по 2021 година се воведе некое зголемување на трошењето, тоа ќе има многу лош удел врз малите екипи.

нема смисла да се тркаме доколку едни од други сме по две секунди разлика. ако размислите, имате буџет од 300 милиони долари и истиот го зголемите за 5%, тоа за големите компании не се многу пари, но за нас се многу и не можеме да го дозволиме тоа. колку е поголем буџетот толку тоа процентуално зголемување е неиздржливо за нас.

направениот чекор на ограничување е одличен, но мораме да видиме како ќе се одвива и да решиме што понатаму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ