Стаинер: Искуството на Хулкенберг веќе ни се исплатува

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, откри дека искуството кое Нико Хулкенберг го има веќе му се исплатува на американскиот тим.

Пред две години тимот имаше дебитантски тандем возачи, а во моментов има една од најискусните постави со враќањето на Нико Хулкенебрг од пензија крај веќе староседелецот Кевин Магнусен. Нико дојде до последниот квалификациски сегмент на своето деби во Бахреин, а тргна и од 10то место во Саудиска Арабија, така што на двете квалификациски сесии е подобар од К-Маг, иако на Џеда данецот донесе поен.

мислам дека ни го даде она што ни требаше и тоа беше веднаш видливо. кевин се мачеше на квалификации, но нико не. сепак, кевин не е вознемирен, туку е среќен што нико не се мачеше затоа што знае дека треба да прави тоа што тој го прави и ќе биде добро. да не беше така ќе се чудевме каде е проблемот и ќе се квалификувавме на15то или 18то место, ќе беше катастрогфа.

нико дојде до к3 во бахреин доста силно, кевин знае дека е тоа можно, само треба да поработи – посочи стаинер.

Најголем дел од екипите се мачат да извадат се од болидите, а гумите и температурата на патеката се клучни. Тимот лани беше помеѓу екипите со најмал буџет, така што сударите и несреќите на Мик Шумахер “изедоа“ голем дел од парите, но годинава не е така.

поради тоа го земавме нико кај нас. постојат 10 добри екипи и сите работат со исти буџет, имаат силни возачи, сите се финансиски и технички многу силни. сите се повеќе се доближуваат, така што силни возачи секако дека прават разлика. ние тоа го сакавме, сакавме искусен возач кој може да ни покаже вистинска насока така што среќни сме со тоа што го направивме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ