Стаинер и Хаас чекаат одговор од Кубица

Тимот на Хаас доставил понуда до Роберт Кубица да им се приклучи за следната година, а Гунтер Стаинер е нетрпелив и посакува до другата недела да има одговор од полскиот возач.

Кубица откри дека ќе го напушти тимот по разочарувачката сезона, но не кажа во кој правец ќе тргне неговата кариера во иднина. Хаас отворено се заинтересирани за неговите услуги како резервен и тест возач следната година, паралелно со некоја друга тркачка серија.

во моментов таа одлука е на чекање, нема развој последните две недели и се надевам на одговор следната недела. се чека на него, треба да одлучи што сака да прави, а ние трпеливо го чекаме одговорот од него поради тоа што знаеме дека одлуката е тешка и мора да се почитува – смета стаинер.

Медиумите пренесоа дека американската екипа може да биде шанса за Роберт да се врати на гридот во 2021 година затоа што никој возач нема договор по следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ