Стаинер: Квалификациите покажаа дека со посилен болид, можеме до поени

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, смета дека со прикажаното на калификациите за Турското Гранд При, тимот покажал дека со подобар пакет, може редовно да бидат во поени.

Откако тимот реши да не го подобрува својот болид цела сезона и да се фокусира на целосно новите правил за 2022 година, американците се мачеа за ритам, а Мик Шумахер и Никита Мазепин редовно се последни. Но, во Сабота во Турција тимот прв пат стигна до К2 сезонава благодарение на одличниот круг на Шумахер кој трката ја почна од 14то место.

Со оглед на перформансите на Мик и очајниот болид, Стаинер смета дека тимот испорачал совршена стратегија за да напредува на квалификациите и покажале дека со посилен болид можат многу повеќе.

квалификациите во турција беа огромна лична сатисфакција за мене, да видам како тимот одработува совршено. подготвени сме за следната година, во одлична позициј сме, правиме и грешки, но шансата е тука и ќе работиме како пред 3-4 години.

мик беше многу смирен, а неговиот инженер одлично одработен и остана многу мирен.ајао коматсу работеше како замена на болидот на никита, така што главен инженер немавме на таа трка.

сите одработеа одлично, сите од кои се бараше нешто, завршија одлична работа, инженерите и механичарите. тоа ме направи пресреќен затоа што знам декасме подготвени и ако имаме посилен болид, ќе бидеме подготвени за поени – објасни стаинер.

Пласманот на Мик на трката во Недела го уништи неговиот контакт со Фернандо Алонсо, така што германецот заврши на 19то место. Но, Стаинер смета дека средниот квалификациски сегмент е добра награда за тимот откако долго време тонат низ поредокот последните неколку години.

искрено, многу сум среќен за тимот затоа што сите работеа напорно за се да биде како што треба. гледам дека нема реултат на крајот од тоа што се работи и се чувствувам и лошо, но среќен сум што се трудат и знаат што е поптребно.

можеби пред три години бевме несреќни ако не стигнеме до к3, но сег сме среќни што ќе излеземе од к1. различно е, но момците ќе го покренат тимот. се беше одлично и тоа покажува дека се движиме во правилна насока, а работите сами ќе дојдат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ