Стаинер: Класичните патеки треба да приредат забава како Мајами

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека на Формула 1 одлично и оди со подобрување на забавата во текот на тркачкиот викенд, но посочи и дека класичните патеки треба да го прават истото како и новите за д го популаризираат спортот.

Големата награда на Мајами постави нови стандарди во однос на забавата надвор од патеката, а се очекува ноемвриското Гранд При во Лас Вегас да биде “од друга планета“. Стаинер смета дека во модерните времиња спортот треба да биде повеќе од обична Гранд При трка, особено во САД каде се е посветено на забавата.

мислам дека забавата е далеку подобра од порано. порадно само се тркавме со болидите, одработувавме една трка, одевме на друга, не правевме ништо околу тоа, бевме тркачи и моторспорт обожаватели.

спортот пред да дојде либерти медиа не беше толку успешен во сад, а кога дојдоа тие, се гледа дека повеќе го разбираат американскиот пазар затоа што популарноста нагло порасна.

луѓето во америка сакаат константна забава, не само да седат и да гледаат два часа како болиди минуваат пред нив, сакаат нешто да се случува константно. друга работа која се случува се концертите и деловите за забава, така што ако имате деца, сакате некој да ги забавува додека вие седите и гледате трка спокојно. пробајте на 12-годишно момче да му кажете да седи мирно 2 часа и да гледа болиди како се тркаат – објасни гунтер.

Стаинер посочи дека Сингапурското Гранд При е одличен пример за настан со одлична комбинација на тркање и забава околу патеката и посочи дека е важно за сите трки да останат фокусирани на тркањето, но да има и забава околу патеките.

мислам дека на формула 1 одлично и оди со приредувањето забава, почнаа да носат нови работи на тркачките викенди, го прават тоа веќе некое време во сингапур. мислам дека е вистинска работа спортот да биде средиште на се, сепак ова е формула 1 трка, но да има и конерти кога нема тркање.

не дека има концерт во недела додека има трка, не е така, но забавата мора да се зачини, а мајами посочи одличен пример како тоа се прави.

има голема шанса класичните трки да не организираат такви забави, да се дојде само на трка и ништо друго, но веќе е 2023 година, тоа е зад нас, луѓето доаѓаат и сакаат повеќе. никој повеќе не доаѓа само за да гледа трка,  формула 1 одлично тоа го сфати последните пет години, да се доближи до потрошувачите за да уживаат да доаѓаат на трки затоа што гранд при викендот е формула 1, но има повеќе од само трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ