Стаинер: Контролата на трка може многу подобро

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, верува дека контролата на трка претсојнава сезона има простор за огромно подобрување особено по лошите одлуки кои ги носеле лани.

Федерацијата ја реструктуираше контролата на трка во пресрет на минатата сезона, а по хаосот кој се случи на одлучувачката и последна трка во 2021 година, Гранд При тркаа во Абу Даби. На сцена лани беа двајца директори на трка кои ротираа, но одлуките не се подобрија, несогласувањата продолжија особено околу црно-портокаловото знаме, границите на патеката и возилото за расчистување во Јапонија.

На крајот на сезоната, ФИА одлучи да нема повеќе ротација на директорите, иминаако за годинава која претстои, Бен Сулајем повторно најави повеќе шефови на трка. Минатата неела ФИА ја објави и својата нова структура каде Стив Нилсен е поставен за спортски директор, така што ќе биде одговорен и за контролата на трките.

сеуште има многу работа по мене, ништо не е решено и мислам дека кај контролата на трка има огромен простор за подобрување. видовме на последните трки лани дека имаа одлуки кои не требаше да бидат донесени – посочи стаинер.

Американската екипа доби црно-портокалово знаме три пати во текот на сезоната поради мало оштетување на предното крило, а потоа протестираа што оштетениот Алпин на Фернандо Алонсо во Остин не бил повикан во гаража.

не требаше да биде како лани кога добивавме казни и правилата беа променети. никој друг не доби казна, само ние, а потоа правилото се смени. протестиравме против алонсо поради принцип, системот беше лош и правилата не беа исти за сите. такво менаџирање со трка не е добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ