Стаинер: Критиките не треба да влијаат над Никита

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, верува дека дебитантот Никита Мазепин не треба да биде загрижен за критките кои ги добива од своите колеги.

Дебитантската сезона на русинот почна лошо со полно грешк и недоволна брзина споредено со неговиот колега, Мик Шумахер. На трите досегашни трки Никита се квалификуваше зад својот колега и просечно заостануваше за шест десетинки.

Дебитантската трка во Бахреин ја почна со извртување директно во ограда по неколку стотици метри минати во трка, а на двете трки кои следуваа заврши минува зад Шумахер. Но, повеќе иритира грешките во вид на блокирање на ривалите, особено оние над Чеко Перез и Николас Латифи во Португалија.

јасно е дека она што се кажува преку радио во текот на трка кога возите со над 300 кмч со овие болиди и некој излегува пред вас е полно се емоции. сигурно дека во таква ситуација нема да кажете само дека потегот не бил фер, секако дека имате адреналин и склони сте кон навреди, кој не би бил. јас не сакам да слушам тоа што некои го велат за мене, но ако тоа влијае над мене, не сум за оваа работа – смета стаинер.

Дополнително, тој смета дека лошиот имиџ на неговиот возач е поттикнат и од оние кои ги работат преносите и кои точно одредуваат кои делови од тимското радиот ќе се емитуваат.

знаеме дека никита е по малку лошо момче, таков е веќе некое време. секако дека оние кои ги коментираат преносите често зборуваат за него, затоа што публиката сака да слуша такви работи.

ако се пренесуваат убави и слатки работи што возачите ги кажуваат еден за друг, никој нема тоа да го гледа. секој бара внимание, а на крајот на денот тркањето е шоу бизнис и како таков не треба да му смета на никита.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ