Стаинер: Кевин беше нестабилен кога дојде во Хаас

Гунтер Стаинер, шефот на американски Хаас, сака да им помогне на младите возачи како што тоа го направил со Кевин Магнусен кој бил доста нестабилен кога се приклучил на Хаас. 

Американскиот тим оваа сезона има неискусени возачи кои доаѓаат од пониските серии. Тоа е сосем различно од претходните возачи Роман Гросжан и Кевин Магнусен кои дојдоа во тимот со веќе неколку сезони искуство зад нив. 

Но и покрај тоа, Стаинер смета дека данецот не бил доволно искусен и немал самодоверба кога почнале да работат заедно. 

За мене најголем предизвик беше да му ја дадам потребната самодоверба за да продолжи напред. Кога сте млад возач кој се приклучува на Формула 1, имате голем притисок и не е само во главата или тоа што ги возите овие болиди. брзо ќе ги видите вашите слабости и ќе се мачите.

Кога Кевин дојде веќе имаше две сезони зад себе, но не веруваше во себе. Го средивме тоа со голема подршка од тимот. Тоа сакаме да го направиме со Мик и Никита за да им помогнеме да ни веруваат и да работат напорно и концентрирано – најави гунтер.

Стаинер и Магнусен имаа неколку конфликти во втората сезона на Drive to Survive по која се прослави Стаинер. Тој не се има гледано себе си во серијата, но верува дека е автентично и помалку засрамувачки поради неговата ќерка. 

Не сум се гледал и нема да се гледам. Тоа сум јас, си ја работам работата и не глумам или да правам шоу. Тоа им се допаѓа на луѓето. Мислам дека пародиите не се толку лоши, но за ќерка ми која има 12 години мислам дека е малку засрамувачки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ