Стаинер најави финансиски проблеми во тимот во пресрет на сезоната

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, призна дека екипата е во финансиски проблеми по лошата 2019 тркачка сезона каде не само што нивниот главен спонзор се откажа, туку и “паднаа“ на 9то место во поредокот што значи драстично помалку пари од наградниот фонд.

ќе имаме голема загуба, но мораме да продолжиме кон напред и да најдеме ново решение, да бидеме поефикасни од било кога – изјави гунтер за Italia Racing.

Американската екипа најави дека црно-златната шара од минатата сезона ќе ја замени со својата првобитна сиво-црно-црвена за претојната сезона која Стианер се надева дека ќе биде далеку подобра од минатата.

мислам дека екипата одлично работи и напредува и подобро сме подготвени за она што следи. по распоредок сме во пресрет на зимските тестови и во моментов не сме воопшто загрижени. убеден сум дека ќе се вратиме онаму каде шт обевме во 2018 година.

Една од лекциите кои американската екипа ги научила минатата сезоан е многу повнимателно да го слуша фидбекот и повратните информации кои доаѓаат од возачите.

мораме да бидеме повеќе критични кон себе. возачите не беа убедени дека новините се добри уште кога ги донесовме во барселона, но никој немаше храброст да каже дека тие не испорачуваат затоа што болидот беше брз.

барселона е посебна патека каде нашиот болид секогаш е добар. бевме напред, но кога сфативме дека насоката е целосно погрешна веќе беше доцна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ