Стаинер: На Мик ќе му биде добро во Мeрцедес

По две сезони минати во американски Хаас, Мик Шумахер не доби продолжување на соработката со тимот и замина како резева и тест возач на Мерцедес.

Германецот ќе го заземе местото кое го пополнуваа Формула Е возачите на “сребрените“, Ник де Врис и Стофел Вандорн.

мислам дека ќе му биде добро во мерцедес затоа што имаат многу поврзани екипи во кои може да добие шанса – изјави стаинер за својот поранешен возач.

Според шефот на Хаас, возачот може да го следи патот на де Врис кој доби место на гридот откако доби можност да менува во Вилијамс, импресионираше и со 27 години ќе дебитира во спортот.

ник замени во вилијамс и доби тркачко место во алфатаури. се надевам дека и мик ќе добие слична шанса за враќање на гридот затоа што понекогаш со еден чекор назад се прават два чекори напред. тој се стави во одлична позиција што одбра екипа преку која има најголеми шанси да се врати на гридот.

Тимскиот шеф доби доста критики за непродолжувањето на договорот на Шумахер, но не е загрижен поради тоа затоа што смета дека професионалните разделби се случуваат во животот.

разделбите се доста чести, но не значи дека се случуваат на лош начин и со несогласување. на крајот, двете страни беа многу искрени и поради тоа можеме да останеме пријатели и во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ