Стаинер не разговарал со Мазепин, русинот бил отпуштен писмено

Гунтер Стаинер потврди дека го информирал Никита Мазепин дека е отпуштен од тимот на Хаас писмено, наместо вербално.

Италијанецот рече дека не се слушнал со возачот, само знаел за реакцијата на Мазепин преку изјавите на 23-годишникот за медиумите. Разделбата се случи поради настаните што се случуваат во источна Европа, при што Хаас, исто така, одлучи да ја прекине врската со главниот спонзор на тимот, компанија која му припаѓа на таткото на Мазепин.

Тоа ги натера Хаас да бара нов тимски колега за Мик Шумахер, само неколку денови пред официјалните предсезонски тестирања во Бахреин, при што Кевин Магнусен беше вратен во Формула  годинава.

Мазепин откри дека дознал за неговото отпуштање во исто време со соопштението за печат на тимот и дека чувствува дека заслужил поголема поддршка од Хаас. За време на интервјуто за RTL, шефот на Хаас, Стаинер, призна дека секогаш му е жал кога треба да направи нешто такво.

Но, на прашањето дали го гледа Мазепин како жртва или чувствува сочувство кон него, тој откри дека е тешко да се каже.

Надворешните околности, кои ниту јас ниту тој не можеме да ги промениме, се такви какви што се. Мора да живеете со тоа и да продолжите понатаму. Го гледам тоа како дел од животот. Тоа го направив само писмено. Не разговарав со него.

Треба да ги донесете заклучоците. Последните две или три недели беа доста исцрпувачки и здодевни, Но најлошото треба да заврши. Може да оди само нагоре. Секогаш сме добри за изненадување кога има драма – посочи гунтер.

Сепак, поранешниот главен спонзор, хемискиот гигант Уралкали, га бара назад своите платени пари во Хаас, откако одлуката ја означи како неразумна.

Тоа е многу сложена работа, дури и за правни експерти – додаде Стаинер, кој призна дека тимот „сигурно ќе изгуби некои пари“, но не доволно за да го загрози нивното постоење во спортот.

Тимот е финансиски стабилен. Не треба да се грижите за тимот. Тоа е најважното нешто за мене.

Наводно се водат разговори со неколку заинтересирани страни за нов спонзор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ