Стаинер: Не смееме да ризикуваме и да патуваме во Кина

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека Формула 1 мора да се осигура дека нема никаков ризик во патување во Кина пред шефовите на тркачката серија да прават било какви планови во однос на одржување на трката во подоцнежниот период од сезоната. Поради епидемијата на корона вирус Кинеското Гранд При кое беше закажано за 19 Април беше откажано.

Стаинер смета дека не е во ред да се разговара за било какви сценарија за посета на Кина пред да се гарантира дека не постои никаков ризик од зараза.

дали во предложеното време за презакажување на трката ќе бидеме безбедни од она што се случува во моментов? веројатно фом размислува на тоа.

не можеме да имаме три трки по ред, а да не знаеме дали ширењето на вирусот ќе биде запрено. немаме идеја што ќе се случи, но ако постои ризик јас сум против тоа затоа што трката не смее да има никаков ризик.

мислам дека шефовите на спортот размислуваат на се и се надеваат дека епидемијата ќе заврши, но никој не може да каже дека во ноември се ќе биде во ред. се надеваме дека ќе биде така, но гаранција за тоа не постои. ако се е решено тогаш треба да разгледуваме дали логистички моеж да се изведе.

знам дека разгледуваат предлози, но се немаат обратено до нас, тимовите со никаков предлог. секако дека и ние треба да гласаме – најави стаинер.

Франц Тост од Алфа Таури исто така смета дека Формула 1 е во право што ја откажала трката и во исто време е отворено за било какво презакажување на истата.

најпрво сакам да кажам дека беше апсолутно исправно од фиа и фом што ја одложија трката во кина под условите во моментов затоа што безбедноста и здравјето на сит езасегнати е пред се и е најважно.

дали можеме да ја вметнеме трката кон крајот на сезоната ќе видиме, прво треба да се реши здравствената ситуација и мислам дека тешко дека истото ќе се направи во периодот кој се планира да бидеме таму. ако постои можност секако дека јас би сакал да се тркаме таму кон крајот на годината.

абу даби мора да биде последна трка во годината, како што знам тоа е според договорот и јас би го поместил тој настан една недела подоцна секако доколку корона вирусот е под контрола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ