Стаинер: Повеќе нема најслаба екипа на гридот

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, посочи дека од почетокот на оваа сезона повеќе нема некој изразито најслаб тим на гридот.

Хаас беа најабавни во 2021 година кога се фокусираа на развој на целосно новиот болид кој се очекуваше следната 2022 година, не го подобруваа пакетот и беа посленди на секоја трка. Многу често во скорешните сезони, Вилијамс беше екипата која редовно беше последна. Но, по две одработени трки сезонава, нема екипа која може да се закити со признанието последна.

на секоја трка има поени кои се на располагање на екипите од средината на поредокот, а сите се во таа ссредина од поредокот, од 6то до последнот место е составена средината на поредокот и никој не заостанув драстично. поради тоа, мора да ја користиме секоја можност која ќе ни се укаже, се наоѓаме во средината на поредокот, во горниот дел од истата и секоја трка е шанса за секоја екипа.

таква е ситуацијата во моментот и работиме напорно и без престан за да не правиме грешки затоа што само така можеме до поени – посочи стаинер.

АлфаТаури и Мекалрен се единствени две екипи кои во моментов немаат освоено поени по две одработени трки од календарот, но се надеваат дека во Мелбурн и тие ќе дојдат до топ 10. Алберт Парк е патеката каде Хаас го почна своето Ф1 патешествие во 2016 година и додје до 6то место на дебито.

никогаш нема да ја заборавам нашата прва трка, доаѓањето во австралија и спротиставувањето со сите нови проблеми кои се појавуваат на прва трка за една екипа. тешко е за секое деби во формула 1.

тоа што освоивм поени ќе го паметам цел живот, моментот тој ден беше неверојатен и секогаш со убави спомени се враќаме на таа патека да се присетиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ