Стаинер препорачува “рестарт зони“ за избегнување на судари

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер смета дека означени рестарт зони на Формула 1 патеките би можеле да го намалат ризикот од хаотични судари кои се случија на Тосканското Гранд При.

Рестарт зони како во НАСКАР, каде водечкиот возач мора да забрза постепено за и останатите да забрзаат, би можеле да бидат идеално решение за Формула 1 во иднина, според Стаинер.

Линијата за рестарт беше далеку на стартно целната рамнина на Муџело, а некои очигледно ризикуваа и се обидоа да надоместат повеќе позиции. Не сметам дека е некој посебно виновен, тоа беа само околности. 

Во иднина, за да се избегнат овие работи, мора да погледнеме каде ќе биде рестарт линијата, а можеби ќе биде и рестарт зона. Не сум експерт за овие нешта, но други серии го прават тоа за да избегнат вакви ситуации. Мислам дека вреди да се погледне, но сигурен сум дека ќе биде тема на дискусија на следните состаноци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ