Стаинер призна дека се сретнал со Мазепин во Русија

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, потврди дека имал состанок со рускиот милијардер, Дмитри Мазепин, за време на Руското Гранд При, но демантираше дека разговарале за иднината на американската екипа.

го познавам господинот мазепин многу долго време, тој беше во русија, таму живее, нормално е тоа.

дојде во нашиот простор со неговото семејство, пиевме кафе, се запознавме, тоа е се – откри стаинер.

Италијанецот потврди дека има заинтересирани страни кои би сакале да ја купат екипата, но дополни дека Џин Хаас не е расположен за продажба во моментов.

не сме на продажба и дајте да ставиме крај на тие шпекулации. ако го ставиме тимот за продажба ќе го направиме тоа како што го направи вилијамс, со посредник, токму така.

Шпекулациите дека Дмитри Мазепин сака да го купи тимот започнаа да кружат минатиот месец откако многу медиуми тврдеа дека тоа сака да го направи за да му даде место во Формула 1 на својот син, Никита Мазепипин, кој во моментов се трка во Формула 2.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ