Стаинер: Резултатот во Бахреин беше невозможен со Мазепин

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, призна дека Кевин Магнусен по враќањето во тимот, покажа што е можно во Бахреин.

Тој го поддржа тоа тврдење додавајќи дека би било многу тешко да се постигне истиот резултат со Никита Мазепин заедно со Мик Шумахер, со оглед на искуството на Магнусен со тимот. Шумахер го надмина Мазепин во текот на 2021 година пред да му биде раскинат договорот на русинот пред почетокот на сезоната.

Магнусен брзо беше вратен за да го замени во Хаас и го смести својот болид во првите 10 во квалификациите пред да го освои петтото место минатата недела на трката за Големата награда на Бахреин.

Стаинер неодамна изјави дека данецот сега обезбедува референца што ќе му помогне на Шумахер да напредува во неговата кариера, откако го надмина младиот германец во текот на нивниот прв викенд како тимски колеги. Шефот на тимот рече дека не е познато дали Мазепин би ги постигнал истите резултати како Магнусен, но призна дека нема да биде лесно.

Кој да знае. Сигурно, враќањето на Кевин покажа што е можно. Мислам дека ќе беше многу тешко доколку Никита и Мик Шумахер беа во тимот – смета гунтер.

Нема сомнение дека Хаас досега беше една од приказните за 2022 година со нивното повторно оживување на гридот, откако го жртвуваа својот развој во текот на целата 2021 година за да се фокусираат исклучиво со ВФ-22 , што пак го имаше посакуваното ефект.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ