Стаинер смета дека Магнусен созреал по едногодишната пауза

Шефот на американски Хаас, Гунтер Стаинер, ја поздрави трансформацијата на возачот Кевин Магнусен, кој го одбележа своето враќање во Формула 1 по една година учество во серии со спортски автомобили и Индикар со два последователни пласмани на поени на почетокот на овогодинешната сезона.

Магнусен првично го напушти тимот на крајот на 2020 година по четири сезони престој со екипата со седиште во САД, кога тој и Роман Гросжан беа отпуштени во корист на комплетно дебитантски состав од Мик Шумахер и Никита Мазепин. Договорот на Мазепин со тимот беше раскинат непосредно пред предсезонските тестирања во Бахреин по руската инвазија над Украина, оставајќи го Стаинер да се бори да најде замена за кратко време.

Неговата одлука да го повика Магнусен се покажа како исправна, данецот го освои го 5то место во Бахреин и деветтото во Џеда и покрај големиот недостаток на предсезонски тестирања во ВФ-22, при што возачот покажа огромна енергија и мотивација.

Мислам дека тој созреа во текот на минатата година и сфати колку е добро да се биде во Формула 1. Кога сте надвор од спортот, само сфаќате што сте изгубиле и враќањето во серијата е како сон.

Во 2020 година, тој исто така имаше тешка година и беше прилично демотивиран на крајот од истата. Но, кога сте надвор од неа, тогаш посакувате да сте на гридот, макар и со лош болид.

Но, сега тој се врати и првата трка беше многу добра за него. Тој го изедначи својот најдобар резултат со Хаас, па мислам дека доста созреа – вели стаинер.

Откако го заврши она што тогаш мислеше дека ќе биде неговото последно Гранд При во Абу Даби во 2020 година, Магнусен стана татко на ќерката Лаура за која Стаинер смета дека исто така имало големо влијание во животот на младиот данец.

Тој и самиот е многу млад, никогаш не забораваме дека има 29 години. Тој е само позрел и сега тој има ќерка.

Се чини дека Магнусен ужива да биде ефективен лидер на тимот оваа година со менторска улога кон својот помлад тимски колега, Мик Шумахер, кој е сега во својата втора сезона со екипата. За Мик, да има искусен возач сега со него е таква голема придобивка. Кевин очигледно е добар возач, има големо искуство и гледајќи ги неговите податоци и како ги прави работите.

Можете само да видите каде се анализира и како може да биде подобар.

Јас го објаснувам тоа вака: можеш да се научиш многу и потребно е долго време, но ако имаш од кого можеш да научиш, како наставник, тоа едноставно оди побрзо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ