Стаинер смета дека суетите се судриле во преговорите Ред Бул – Порше

Преговорите помеѓу Ред Бул и Порше неодамна беа прекинати по неколкумесечно договарање за евентуална соработка помеѓу двете компании.

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, верува дека суетите и доминацијата која сакала да ја има секоја од двете страни била клучна во пропаѓањето на преговорите и евентуалната соработка.

Откако Фолксваген Групацијата дозволи два свои бренда, Ауди и Порше, да станат дел од Формула 1, шпекулации ан големо почнаа. Ауди веќе потврди официјален влез во спортот како доставувач на мотори од 2026 година и многу блиску се до рпевземање на значителен удел во Заубер. Но, ситуацијата не е така лесна кај Порше затоа што не се договорија со Ред Бул.

Ред Бул самите ќе си ги произведуваат моторите во својот Ред Бул Пауертреинс, а Стаинер вели оти знаел дека договороте нема да доживее официјализација.

мое лично мислење е дека две силни суети се судрија во преговорите и тоа секогаш е сложено. со 50-50 поделба на тимот, некој мора да биде главен, мора некој да пресече и тоа предизвика проблеми. сега повеќе не е сигурно дека порше ќе дојде во формула 1, но мора да добијат некоја нова идеја – смета гунтер.

Порше освен демант не кажаа ништо повеќе околу своите планови за 2026 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ