Стаинер: Ф1 треба да реши што сака од Пирели

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека Формула 1 треба точно д реши што сака од Пирели во ситуација во која претекнувањето станува се потешко.

Италијанците имаа производ кој беше многу конзервативен во последните сезони, одговарајќи на се побрзте болиди со потреајни компоненти кои нудеа помал грип, но не го нудеа посакуваниот пад во перформанси како што сите се надеваа.

Таквата претпазливост ги ограничи стратегиите односно нивни различности. На Австралиското Гранд При минатиот месец, сите екипи беа принудени буквално на идентична стратегија по раното црвено знаме, доека во Баку, Окон и Хулкенберг одработеа речиси цела трка со најтврдата компонента, менувајќи само за да се задоволи правилото, а не поради некаква потреба.

Критиката на потешкотиите за претекнување во секогаш интересното Баку беше оправдана поради скусување на ДРС зоната за 100 метри, додека Гунтер Стаинер д Хаас смета дека спортот треба да реши точно што бара од гумите.

мислам дека треба да ги анализираме гумите затоа што секогаш се жалиме кога има пад во перформанси и споредуваме со ситуација кога тоа го нема. треба д се решиме што точно сакаме, затоа што пирели може тоа да ни го донесе, а кога ќе го имаме, велиме дека е претерано, така што тешко им е и на нив.

не треба да брзаме со заклучоци по баку затоа што имавме добри трки со претекнување годинава кои треба д ги анализираме и д ги повториме, не само да бидеме тажни и да судиме. јасно е дека сите очекувавме црвено знаме во баку и безбедносно возило, но ништо од тоа не се случи. сепак јас позитивно гледам на потребата нешто да се направи за да се олесни претекнувањето, но никогаш нема да биде ленсо да се мине – вели гунтер.

Важноста на стратегијата беше евидентна во Мајами кога имаше разлики во гумите од почетокот на трката. Екипите се поблиску во своите перформанси одошто тоа беше случај лани поради стабилноста на правилата, така што беше посочено дека нема голема разлика во времето по круг и поради тоа се создаваат ДРС возови кои ја отежнуваат целата работа.

Стаинер се согласни дека помалку претекнување е секако производ на новите правила, но дополни и дека серија со толку многу потисна сила како Формула 1 болидите, никогаш нема да има многу претекнување како во некои други тркачки натпревањеи.

секогаш ќе се претекнува тешко во едноседи со огромни крила. понекогаш е подобро, како на пример лани кога беше подобро од годинава, но скусувањето на дрс зоните сезонава не помогна воопшто. се работи за разликите, со предност од 2 десетинки по круг, претекнување не може да има.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ