Стаинер: Ја имавме најтешката серија на последователни трки

Изминатиот месец можеби беше најтешката серија на Гранд При трки во историјата на Формула 1.

Тоа е ставот на Гунтер Стаинер, кој го води најмалиот и во 2021 година најмалку конкурентен тим во спортот. Од тимскиот шеф на Хаас беше побарано да коментира за особено напорната серија на три последователни трки од Мексико до Бразил, а потоа и во Катар за исто толку недели.

Имавме доцнења со товарот од Мексико Сити до Интерлагос, што не направи малку нервозни, но на крајот сè завршивме – рече стаинер.

Така е во Формула 1, се жалиме и лесно паничиме, а потоа сè оди добро на крајот.

Сепак, тоа не значи дека тој не е донекаде критичен за распоредот на три меѓународни Гранд При трки во исто толку недели, по долгиот календар на Формула 1 со 22 настани, нарушен поради пандемијата.

Никогаш не било толку тешко, особено кога летот од Бразил до Катар е толку долг.

Нашите луѓе мораа да ја демонтираат целата гаража и да ги расклопат болидите во Интерлагос во недела навечер, по што следеше 16-часовен лет до Блискиот Исток. И не е само растојанието, туку и временската разлика – објасни тој.

Беше исцрпувачки за сите, но мислам дека навивачите ценат колку трки направивме оваа година. Формула 1 заврши добра работа на тој начин, но морам да признаам и јас мислев дека изминатите неколку недели навистина ја достигнаа границата. Тоа беше веројатно најтешката серија од сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ