Стаинер ја откри причината за сударот на Магнусен

Скршен осигурувач на тркалото довел до сударот на Кевин Магнусен на последниот ден од првиот предсезонски тест во Барселона, но и покрај изгубеното време на патека, тимскиот шеф, Гунтер Стаинер, инсистира дека ова била добра прва недела за американскиот тим.

Возењето во петочните сесии беше прекинато поради истекување на вода од болидот на Роман Гросжан. Во попладневната сесија, Магнусен излета од патеката откако осигурувач на задното десно тркало се скршило, ја оштетило фелната и довело до губење на притисок во пневматикот.

Данецот се изврте и малку удри во заштитниот ѕид, но иако оштетувањето е минимално, тимот одлучи да не брза со поправките до крајот на сесијата и ги пропушти последните 3 часа.

Утринава имавме мал проблем и ни одзема скоро половина час. Вода истекуваше од едно од цревата. Потоа попладнево имавме проблем со една од фелните, со ограничувачот, а кога откажа, ја оштети фелната, а потоа и пневматикот. Потоа очигледно поправките одземаа повеќе време и одлучивме да ја завршиме сесијата.

Тоа е прилично мал проблем, но не смее да се случи. Немавме други механички проблеми. Болидот беше мошне издржлив се додека не се случи ова, а поправката е лесна.

Првите два дена беа многу добри, така што секогаш сакате да возите повеќе и дефинитивно ќе ни недостасуваат тие три часа на крајот. Но севкупно, имавме добра недела и сега ќе ги разгледаме податоците следните неколку дена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ