Стела: Неискуството на Пиастри нема да го кочи тимот

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, верува дека недостатокот на искуство во Формула 1 на Оскар Пиастри нема да го кочи тимот додека продолжува со напорите да ги стигне најдобрите три екипи во спортот.

Дебитантот Пиастри доаѓа на местото на Даниел Рикардо, кој за разлика од помладиот сонародник, беше во својата 12та сезона минатата година и со себе го носеше искуството од постигнувањето на осум победи. Додека Пиастри треба многу да научи, Стела е уверен дека тимот може да се насочи кон Ландо Норис да го усовршува болидот за 2023 година.

Мислам дека важна поента е да се има континуитет со Ландо, тој ја задржува референцата – рече Стела.

таа е референца што ја знаеме многу добро, бидејќи заедно го поминавме развојот на Ландо.

секако има развој од техничка гледна точка, од гледна точка на возење, гледна точка на тркачки занает, Така што мислам дека го знаеме ова многу добро. Тоа ќе стане референтна рамка и за Оскар.

Стела истакна дека во модерната Формула 1, тимовите многу се потпираат на податоците, иако возачите сè уште играат улога во развојот.

Ќе имаме нов болид, сакаме да подобриме некои работи, а возачите се секако важни во однос на тоа, иако Ф1, за разлика од некои други спортови, многу се потпира на бројки.

Мислам дека ако беше трка со мотори, ќе беше потешко да се разбере каква е улогата. Но во Ф1, добивате многу добра идеја од бројките за тоа каква е вашата конкурентност.

Ако ми дадете добри бројки, ќе ги прифатам, дури и ако немаме многу јасни референци од возачите.

Стела јасно стави до знаење дека Пиастри има способност да учи и да се развива како возач додека добива повеќе километри на патеката.

Процесот што сакаме да го направиме со Оскар е исто така независен. Тој секако е многу талентиран И сакаме да ги користи неговите референци, референци од болидот, референци дури и од она што го научивме со Даниел и така натаму.

Но, ние сме сосема категорични дека тој има доволно талент, процес, интелигенција за да го најде својот пат, искористувајќи ги овие референци. Значи, воопшто не сум загрижен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ