Стела оптимист: Нашата нова техничка структура ќе го извади целиот потенцијал

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, смета дека новопоставената техничка структура во тимот ќе ги открие целокупниот потенцијал на тимот кој до сега не можеле да го искористат.

Техничкиот директор Џејмс Кеј замина од екипата, а следуваше поставување на тројца технички шефови, Продрому, Санчез и Хадли кои директно ќе му одговраат на Стела. Согласно претходната структура, Продрому бил многу ограничен во своите овластувања.

имаше ограничувања поврзани со структурата која до сега ја користевме, сакавме технички директор кој ќе биде на чело на аеродинамичарите и да има целосна слобода. сакаме да ги ослободиме сите внатрешни ресурси што од некоја причина беа потценети како на пример питер продрому, еден од најкомпетентните експерти во формула 1 во однос на аеродинамиката.

не работевме ефикасно како што требаше, така што сакавме да го поправиме тоа. моделот е совршен поради тоа што им дава на аеродинамичарите одврзани раце да раководат со концептот и да го развиваат болидот во посакуваната насока – посочи стела.

Тој посочи дека нивниот фокус бил на комбинирање на науката и разумот за да се направи болидот побрз.

дел од нашиот нов модел е пристапот кон перформанси, сакавме да биде на силна научна основа, но во исто време да бидеме побрзи. мораме понекогаш да бидеме прагматични, да користиме здрав разум, што претходно не го правевме.

друга работа која сакаме да ја подобриме е давање на поголема слобода на нашите поискусни инженери да се истакнат со своето знаење и експертиза и самите да носат одлуки. тоа ќе направи тимот да се движи побрзо, нешто што ни треба ако сакаме да напреднеме.

Андреа посочи дека под раководство на Кеј, идеите имале ограничување.

мислам дека носењето одлуки во ф1 не е добро разбрано. мислам дека луѓето сметаат дека само некои луѓе носат одлуки, но реалноста е такв што е потребни конкурентни идеи затоа што тоа носи природен избор и успех. токму во таква позиција сакаме да го ставиме мекларен во иднина затоа што не сакаме некој д биде главен и да ги носи сиде одлуки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ