Строл: Ако е вистина, Андрети би бил одличен за Ф1

Лоренс Строл смета дека враќање на името на Андрети во Формула 1 ќе биде одлично за спортот, секако доколку шпекулациите се вистинити.

Андрети Аутоспорт се сопственост на Мајкл Андрети, 59-годишниот син на поранешниот Формула 1 шампион, Марио. Во моментов Мајкл е во преговори со Лонгбоу Фајнанс, сопствениците на Заубер, да купи 80% од уделот во компанијата чија сопственост е Алфа Ромео Формула 1 тимот.

Шпекулациите одеа до таму што медиумте пренесуа дека викендов во Америка Андрети ќе ја официјализирал трансакцијата, но договор сеуште не е постигнат, а преговорите биле во тек. Андрети бил забележан во седиштето на Заубер во швајцарски Хинвил.

андрети е одлично име, знам познавам семејството и мислам дека тие ќе бидат одличен додаток на спортот, секако доколку шпекуациите се вистина. не знам ништо повеќе, веста ја чув во падокот на последната трка.

мислам дека основаа опсебна компанија за инветирање во Америка и рекоа дека сакаат поголема и позначајна инвестиција во моторспортот. тоа има целосна логика – изјави лоренс строл, сопственикот на астон мартин.

Посебната компанија за инвестирање која Лоренс ја спомнува основана од Андрети, треба да прибере капитал од 250 милиони долари преку јавна понуда на акции. Строл смета дека сега е одлично време за некој како Андрети да се вклучи во Формула 1 затоа што ограничувањето на трошењето е одлична регулатива.

Годинава сите екипи мора да оперираат со бует под 145 милиони долари, многу помалку од она што Мерцедес, Ферари и Ред Бул го трошеа, нешто околу 450 милиони долари. Надежта е дека таквото ограничување на трошењето, заедно со новите правила, ќе создадат исплатлив бизнис и конкуретен грид.

сите се фокусирани на профитабилноста, а формула 1 тимовите, доколку добор се менаџираат, може да бидат многу профитабилни.

лесно е да се победува ако трошите многу повеќе од конкурентите, но тоа време помина и сега треба да се оптимизира апсолутно се. ние и до сега трошевме помалку од буетското ограничување, така што сме во одлична позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ