Строл: Брендот “Астон Мартин“ носи притисок и очекувања

Сопственикот на Формула 1 тимот на Рејсинг Поинт, Лоренс Строл, смета дека планираната промена кон брендот на Астон Мартин во 2021 година ќе донесе “притисок и очекувања“.

Учеството на Строл во Астон Мартин беше првично најавено во Јануари, но формалностите на неговата инвестиција беа завршени оваа недела. Промената на името на Рејсинг Поинт е во центар од таа инвестиција како дел од идната стратегија за британскиот производител, а Строл гледа можност за екипата од Силверстон да направи чекор напред.

Вработените во фабриката во Силверстон се вистински тркачи и нивната посвета и дух е една од главните причини поради која инвестирав во Формула 1 тим. По 30 години, тие ја заслужуваат можноста да го претставуваат овој легендарен бренд.

Продолжуваме да инвестираме во тимот и да им ги обезбедиме потребните ресурси, а користа од тие напори ќе го забележиме годинава како Рејсинг Поинт.

Со брендот на Астон доаѓа притисок и очекување. Ќе мора да бидеме конкурентни веднаш, Но не се сомневам во тимот во Силверстон и дека ќе бидат подготвени за предизвикот, а името на Астон Мартин ќе биде гордо.

Бренд со педигре и историја на Астон Мартин мора да биде конкурентен на највисоко ниво во моторспортот. Ова мислам дека е највозбудливото нешто што се случило во Формула 1 од скоро и е неверојатно возбудливо за сите инволвирани, особено за фановите. Не можам да замислам подобро име за Формула 1 тим.

Ефектот на Формула 1 на глобално ниво не е споредлив и ќе го искористиме тоа да го прикажеме Астон Мартин во клучните пазари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ