Ленс Строл вели дека ребрендирањето на Рејсинг Поинт во Астон Мартин ќе направи трансформација во екипата.
Сопственикот на тимот, Лоренс Строл, таткото на Ленс, стана акционер во Астон Мартин откако се сложи на договор од 182 милиони фунти на почетокот на годината што овозможи нова насока за британскиот бренд да се врати во спортот и да го преименува тимот на Рејсинг Поинт.
Иако истото ребрендирање нема да се случи до 2021 година, по промоцијата на новиот болид на Рејсинг Поинт во Австрија, Строл јасно ги гледа користите од асоцијацијата со Астон Мартин.
Тоа е проект на татко ми. Очигледно разговарам со него, така што сме дискутирале и за ова. Многу е возбудливо и мислам дека е одлична трансформација за тимот. Моментално, болидот е сеуште розев и имаме уште една сезона пред нас во која ќе бидеме фокусирани, така што сеуште не сме навлегле кон работите поврзани со Астон Мартин.
Но тие се неверојатен бренд и имаат неверојатно име. Мислам дека сите кои се инволвирани во Рејсинг Поинт ќе бидат мотивирани и сето тоа ќе донесе голема вредност. Одлично е сето ова од повеќе аспекти.
Астон Мартин, кои се моментално спонзори на Ред Бул Рејсинг, веќе потврдија дека моменталниот договор ќе прекина на крајот на 2020 година, но одлуката нема да има влијание над заедничкиот проект за автомобилот Валкири. Пред промоцијата на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер вети дека целосно фабричкиот тим на Астон Мартин ќе функционира од 2021 година.
Ова се значителни вести за Астон Мартин и за Формула 1. Како еден од најлегендарните брендови во светот, Астон Мартин им е потребно присуство на Ф1 гридот, а оваа решение овозможува целосно фабричка екипа да се врати од 2021 година.
Лоренс разговараше со вработените и постави јасни цели за Астон Мартин да се врати како еден од врвните тимови во спортот. Сите се горди што ќе бидат дел од легендарен производител кој се враќа во врвот на моторспортот. Сето ова нема да влијае над нашате моментална сезона и ние ќе продолжиме да се натпреваруваме како Рејсинг Поинт се до ребрендирањето во 2021 година.
Од тој момент ќе бидеме познати како Астон Мартин Ф1. Важно е да останеме фокусирани кон 2020 година.