Строл го деморализира Астон Мартин

Инженерите на Астон Мартин се целосно деморализирани откако брзиот план за конкурентен и брз болид не успеа. 

Ова е мислењето на поранешниот шеф на тимот Колин Коулс, кој ги критикува Ленс Строл и акционерот Тото Волф. Тој смета дека Волф е милениче во скутот на Строл и го обвини Астон Мартин дека го донел Себастијан Фетел само за Ленс Строл да изгледа добро. 

Сега тој тврди дека Лоренс Строл ја отфрлил техничката стратегија на инженерите и ги натерал да го користат розовиот Мерцедес. 

Во минатото инженерите сами се развиваа. Имаа мал буџет, но беа млади и ефикасни и многу мотивирани. Откако Строл е на чело, работите се променија.

Тие сакаа да направат болид кој ќе наликува на Ред Бул бидејќи таа стратегија ја развиваа со години, Но Строл сакаше копија на Мерцедес мислејќи дека така најбрзо ќе ја постигне целта. Тој купи се од тото Волф – откри коулс.

Со промената на правила тимовите Мерцедес и Астон Мартин беа најоштетени, но Мерцедес брзо го среди проблемот. 

Тие се деморализирани и буквално висат во воздух. Има многу незадоволство во тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ