Строл го “краде“ Њуи од Ред Бул ?

На Лоренс Строл му оди одлично со својот Формула 1 тим Рејсинг Поинт во врвната тркачка серија.

Оваа година екипата од Силверстон склопи конкурентен и брз болид, иако легалноста во процесот е знак прашалник, но поредокот покажува друга. Екипата, која следната година станува фабрички Астон Мартин тим ќе биде уште посилна со доаѓањето на четирикратниот првак Себастијан Фетел кој со себе ќе донесе огромно искуство и знаење.

Но, Лоренс не застанува и тука и не е задоволен затоа што според угледниот La Gazetta dello Sport, тој планира да го донесе најдобриот инженер, односно да го намами Адриан Њуи во екипата. Тоа, дополнето со инвестицијата од 100 милиони во новата фабрика очекуваат да ги донесе на врвот.

Иако е тешко да се поверува дека Њуи ќе замине од Ред Бул, тој веќе има соработка со Астон Мартин при производство на заедничкиот хипер автомобил со Ред Бул. Дополнително, тој го познава одлично Фетел од нивното заедничко време во Милтон Кинс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ