Строл: Договорот со Хонда е последниот дел од сложувалката

Сопственикот на Астон Мартин, милијардерот Лоренс Строл, посочи дека договорот за новиот мотор со Хонда е последниот дел од сложувалката на тимот. 

Откако го купи тимот Форс Индија во 2018 година. тој се одлучи да направи доста промени и да го донесе тимот на победничките патеки преку инвестирање во нова инфраструктура и носење на персонал од врвен карактер. Алонсо дојде до четири подиуми на пет трки оваа сезона. што значи дека визијата на Строл почнува да се исплати. 

Астон Мартин и Хонда имаат многу нешто заедничко, вклучувајќи го искустото и обврската заедно со визијата за победи.

Хонда и инжинерите сакаат да се тркаат и да развиваат продукти за тркање. Тоа е дел од ДНК-то и секогаш било. Ние сме одлучни да победиме.

Астон Мартин е најбрзо растечкиот тим во спортот со трикратно зголемување на фановите во последните две години. Нашето партнерство со Хонда е последниот дел од сложувалката за да го направиме Астон Мартин шампионски тим.

Заедно со новиот кампус, тимот ќе има се што е потребно за победа. Астон Мартин мора да ја искористи секоја технолошка област од пакетот и одличен мотор е важен чекор за тоа – објасни канаѓанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ