Строл е повеќе инволвиран од Малија, откри Шафнауер

Сопственикот на Рејсинг Поинт, Лоренс Строл, има поголем интерес во Формула 1 од неговиот претходник, Виџеј Малија, открива извршниот директор на тимот.

Строл предводеше група на инвеститори во 2018 година за да ја превземе Форс Индија од индискиот бизнисмен доктор Виџеј Малија. Канадскиот милијардер веднаш почна со работа за да ги исплати кредитните задолженија. Сепак, не се работи само околу пари кои Строл ги инвестираше во тимот, тој исто така го посветува и своето внимание. Според извршниот директор на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер, новиот сопственик ја посетува фабриката барем два пати неделно. Тоа е целосно спротивно од Малија, кој ја посетуваше фабриката 5 пати во годината.

Значителната разлика е што Лоренс има многу поголем интерес во тоа што сте случува во тимот. Сака да разбере што се случува во повеќе аспекти и во тоа што го правиме. Виџеј не беше толку инволвиран. Тој само гледаше од перспектива на големата слика. Виџеј го сакаше тркањето многу и присуствуваше на трките.

Но тој поминуваше можеби четири или пет дена во фабриката годишно во последните година до две, додека Лоренс доаѓа два или трипати неделно.

Во еден месец, Лоренс е таму 8 до 10 дена, додека Виџеј ќе присуствуваше 5 дена годишно. Тоа е голема рзлика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ