Строл за Монако: Не знам дали да се смеам или плачам

Ленс Строл изјави дека имал доста проблеми со сопирачките пред да се откаже од трката во Монако. 

По очајните квалификации, канаѓанецот возеше надвор од топ 10 и имаше контакт со Перез. Како што се појави дождот, тој промени на интермедиа гуми. но се откажа во 53ot круг. Од тоа што го видовме на малите екрани, тој доста пати удри во бариерите и имаше проблеми со управување на болидот. 

Имав проблеми со болидот, не можев да забавам и мислам дека пет пати удрив во оградата. Се мачев да го забавувам болидот, а подоцна почна да врне. 

Ова е второ откажување на Строл оваа сезона по техничките проблеми во Саудиска Арабија. 

Не знам дали да плачам или да се смеам, Но мислам дека ќе се смеам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ