Строл имал квалитет да се “носи“ против Фетел

Пристигнувањето на Себастијан Фетел во Астон Мартин за 2021 година ќе биде предизвик и подарок за Ленс Строл. 

Тоа е гледиштето на поранешниот возач во Ф3000, Бертранд Годин, кој за канадскиот весник Le Journal de Montreal, анализира што значи пристигнувањето на Фетел во тимот за неговиот тимски колега.

Кога имате конкуренција и силни опоненти, или ќе ве мотивира, или ќе ве уништи. Со Фетел, секогаш сум мислел дека тој не се гледа себе си како супериорен, всушност спротивно. 

Тоа може да биде нож со две сечила. Фетел може да го мотивира строл, бидејќи е четирикратен шампион. Во исто време, самата мотивација на Фетел е под знак прашалник. Како возач, справување со притисокот е 80 проценти од работата. 

За да победите во мотоспортот, мора да верувате. Потребна е самодоверба и способности, а мислам дека Ленс од секогаш ги имал способностите. Но со тоа што дојде во Формула 1 прерано, неговата самодоверба се стопи како снег во лошиот болид.

Во добар болид, видовме дека е блиску до Перез на почетокот, а сега знае како да работи со тимот, го гледаме вистинскиот Ленс Строл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ