Строл: Квалификациите ми беа најголема слабост

Ленс Строл признава дека неговата форма во квалификациите била најголема слабост во неговата прва сезона со Рејсинг Поинт.

Откако премина од Вилијамс во новиот тим на Рејсинг Поинт кој беше превземен од група инвеститори предводени од неговиот татко, Лоренс, Строл ја заврши сезоната на 15то место со 21 освоен поен, додека неговиот колега Серхио Перез се пласираше на 10то место со повеќе од двојно поени во однос на канаѓанецот.

Во квалификациите Строл не можеше да се спореди со Перез и беше елиминиран во К1 14 пати во 2019 година, повеќе од сите други возачи со исклучок на тандемот на Вилијамс. Најдобрите квалификации за него се случија во Монца, каде се пласираше во К3 и стартуваше од 10то место на гридот.

Од моја страна, мора да работам на неколку елементи. Мислам дека квалификациите беа моја најголема слабост годинава, со неколку грешки, но поради тоа страдав во Недела, а следната година тоа ќе биде област во која сакам да се подобрам.

Мислам дека имаше случаи на лоша среќа во вториот дел од сезоната и не успеавме да ги освоиме поените кон кои целевме. Во првата половина бевме силни, освоивме солидни поени, но во втората половина имаше ситуации кои не чинеа.

Перез беше подобар од Строл во 18 сесии, а канаѓанецот признава дека мора да се подобри во 2020 година.

Тој беше подобар во поголемиот дел, тоа е нешто на што морам да работам. Искуството игра улога, тој е со тимот подолго време, јас имам поинаков стил на возење, поинаков пристап, како и сите останати возачи.

За да го максимизирам мојот возачки стил и пристап, има некои работи на кои мора да работам и да бидам подобар следната година. На тоа одвај чекам.

Мислам дека со искуство и со правилен фокус ќе се подобрам. Треба да разберам кои се моите слабости, во кои свиоци, како да го балансирам болидот, да го подесам со цел да извлечам максимум. Тоа доаѓа со искуство.

Со тимот сум само една година и сметам дека поголемиот дел од времето, кога ќе заминам од трка и размислувам за саботните сесии, има работи кои би ги направил поинаку и подоброо, а поради тоа следната сезона ќе биде возбудлива.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ