Строл менаџирал со проблемот пред да мора да се откаже

Ленс Строл беше принуден да го повлече својот Астон Мартин од трка во 18от круг и патем да донесе безбедносно возило на трката.

Младиот канаѓанец стартуваше од 5то место и на самиот почеток од трката го мина Карлос Саинз од Ферари со храбар потег на 13та кривина од патеката, но како што доаѓаше периодот за промена на гуми, Ферари влезе подоцна и на тој начин си ја врати позицијата во однос на Астон.

Во кругот број 18 тимот побара од него веднаш да го паркира болидот поради проблем со моторот, така што не доби шанса за добар резултат во ситуациај во која неговиот колега повторно дојде до подиум.

првиот круг кога го минав саинз беше забавен, дојдов до 4то место и имав добро чуство додека возев, но по 6-7 кругови почнав да губам моќ од моторот. стануваше полошо секој следен круг, ритамот почна да се забавува и на крајот моравме да се откажеме – објасни строл.

Додека го паркираше сбојот болид, тој најде одлично место зад оградата, така што излегувањето на безбедносното возило и не беше многу потребно, но ФИА ја одбра најбезбедната опција, давајќи им на оние што немаа променето гуми, да го направат тоа со минимална загуба на време.

имаше кран пред мене, така што не бев цеолосно надвор од патеката, дел од болидот не беше. да бидам искрен, невидов каде бев на патеката, не планирав мноу каде да застанам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ