Строл: Мерцедес како акционер е одлична трансформација за Астон Мартин

Мерцедес Бенз ќе стане втор најголем акционер во Астон Мартин, што ќе резултира со поголема техничка соработка помеѓу двата бренда.

Иако веста е фокусирана кон бизнисот со секојдневни автомобили, поблиската соработка ќе има ефект над нивните Формула 1 програми со толку блиска соработка колку што ФИА дозволува.

Брендот на Астон Мартин се враќа во трките следната година како фабриички тим преку ребрендирање на Рејсинг Поинт, а новиот возач, Себастијан Фетел, ќе стане нивен глобален амбасадор. Веќе има планови дизајнерскиот тим на Астон да биде базиран во новата фабрика на Силверстон.

Мерцедес се подготвува да го зголеми своето сопственичко учество во компанијата на 20 проценти, а исто така ќе им овозможи пристап на Астон Мартин на врвна технологија, како и архитектура за преносни оски на конвенционални, хибридни и електрични возила, како и идна архитектура кон сите проекти до 2027 година.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, е веќе акционер во Астон, од приватна гледна точка. Сопствнеикот и извршен претседател на Астон, Лоренс Строл, ја истакна важноста за зголемената соработка со компанијата од Штудгарт.

Ова е момент на трансформација за Астон Мартин. Ова е резултат на големи напори во последните шест месеци во обид да се позиционира компанијата за успех и да се зграпчи големата можност пред нас. Екстремно сум задоволен со напредокот до сега и тоа што сме понапред од планираното и покрај предизвиците моментално.

Денес, правиме голем чекор напред, а нашата долгорочна соработка со Мерцедес Бенз преминува на повисоко ниво откако стануваат еден од најголемите акционери во компанијата. Преку ова проширено партнерство, обезбедуваме пристап кон врвна технологија со цел да се подржува нашиот план за зголемување, вклучувајќи и електрични и хибридни преноси.

Се што објавив е промена. Како дополнување, ја имаме големата маркетинг платформа на фабричка екипа на Астон Мартин во Формула 1 следната година. Сега го имаме правилниот тим, партнер, план и средства за трансформација на компанијата која може да биде најлуксузниот бренд во светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ